Измина рокот за мораториум од УНЕСКО во Охрид
Измина рокот од 30 дена за воведување на мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации во Охридскиот регион според препораките на УНЕСКО.
Мисијата на УНЕСКО во последниот извештај изрази загриженост од зголемувањето на сообраќајот и туризмот, по што државата се откажа од изградбата на експресниот пат од Охрид преку Пештани до Свети Наум кој требаше да поминува преку Националниот парк Галичица.
Стручните лица предлагаат да се формира совет од 21 преставник од различни институции - научни, стручни и граѓански, кои барем еднаш годишно ќе дискутира за сето она што е направено и колку се почитуваат препораките на УНЕСКО.
Слично
