Економија, финансии, бизнис

Контакт

Измешана вода од регионалниот водовод со фекалии затру граѓани од Гевгелиско?

Измешана вода од регионалниот водовод со фекалии затру граѓани од Гевгелиско?

Најмалку 120 жители во неколку села околу Гевгелија и Богданци се жалеле на болки во стомакот и имале симптоми на труење.

Триесет и осум лица со тешка клиничка слика се задржани на болничко лекување.

Како што наведоа лекарите причина за епидемијата е неисправна водата за пиење.

Денеска преку сторија на Телевизија 24  јавноста дозна дека 120 жители од населените места Стојаково, Селемлија и Богородица се заразиле со бактеријата ешерихија коли. 

Во моментов се утврдува како настанало загадување на водата  од кои жителите на Стојаково и Селемли завршија во болница.

Она што предизвика најмногу револт кај граѓаните е тоа што никој не им кажал дека водата не е за пиење.

Бараат одговорност од надлежните бидејки во селото има и деца и бремени жени кои пиеле загадена вода.

Слично

Поврзани вести