Економија, финансии, бизнис

Контакт

Измените на Изборниот законик поминаа во Собранието - што предвидуваат?

Измените на Изборниот законик поминаа во Собранието - што предвидуваат?

Пратениците ги изгласаа измените на Изборниот законик. 

Собранието  на 52-та седница без расправа со 78 гласа „за“, два „против“ и еден „воздржан„ и 24 гласа „за“ и еден „воздржан“ од пратениците од помалите етнички заедници попладнево го донесе Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.  Координаторот на СДСМ Јован Митревски изјави дека зад предлогот стојат сите партии и од мнозинството и од опозицијата и оти станува збор за измени кои произлегуваат од последниот извештај на ОБСЕ/ОДХИР за предвремените парламентарни избори 2020 година.

Сите фондови, јавни претпријатија и правни лица што располагаат со државен капитал,  во рок од два дена по ревидирањето на Роковникот на Државната изборна комисија, треба да ја известат Антикорупциската комисија колку моторни возила имаат и во каква состојба се.

Слично

Поврзани вести