Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изменетиот и дополнет ребаланс на буџетот усвоен и од Владата

Изменетиот и дополнет ребаланс на буџетот усвоен и од Владата

Ребалансот на буџетот ги помина сите институционални фази откако Владата на Република Македонија на вчерашната седница го усвои предлогот за изменување и за дополнување на буџетот на Република Македонија за 2017 година, по завршената амандманска расправа во собраниските комисии.

Со оваа верзија на ребалансот, дополнета со амандмани од пратениците, се определуваат дополнителни 25 милиони денари по одредени ставки и се пренаменуваат пари во согласност со потребите на буџетските корисници, се вели во владиното соопштение.

На седумнаесеттата владина седница беа донесени и заклучоци повразни со организацијата на институционалната прослава на националниот и државен празник 2 Август – Ден на Републиката. Владата определила и членови на организациониот одбор за прослава на државниот празник.


Слично

Поврзани вести