Економија, финансии, бизнис

Контакт

Измена на времетраењето на тргувањето со хартии од вредност на Македонска берза

Измена на времетраењето на тргувањето со хартии од вредност на Македонска берза

Одборот на директори на Македонска берза донесе Одлука со која се врши измена на времетраењето на тргувањето со хартии од вредност на Берзата, согласно која, почнувајќи од 03.09.2018 година, времетраењето на тргувањето со хартии од вредност наместо до 13:00 часот ќе трае до 14:00 часот. 

Соодветно на оваа измена се направени измени во неколку други одлуки коишто произлегуваат од Правилата за тргување на Берзата, а коишто се однесуваат на измени на времето на тргување кај режимите на континуирано и аукциско тргување, како и на измени во времето на официјализација на денот на тргување и времето на пријавување на администраторски блок трансакции, кои исто така ќе започнат да се применуваат од 03.09.2018 година.

На следниот линк се одлуките кои со однесуваат на горенаведените измени
http://www.mse.mk/mk/content/21/1/2008/trading-rules

Слично

Поврзани вести