Економија, финансии, бизнис

Контакт

Измамник на кумановец му понудил да му размени 500 евра и му дал фалсификувана банкнота

Измамник на кумановец му понудил да му размени 500 евра и му дал фалсификувана банкнота

Измамник на жител на кумановско село му понудил да му размени 500 евра и му дал фалсификувана банкнота, информира полицијата. 

„Вчера во 21:00 часот во СВР Куманово, 21-годишен маж од кумановско село пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 500 евра. Според пријавеното, лицето му понудило да му размени 500 евра, по што тој му дал денари, а при размената лицето му дало фалсификувана банкнота“, соопшти полицијата.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести