Економија, финансии, бизнис

Контакт

Измамници се претставуваат како МВР и бараат 1.500 денари за лажни сообраќајни прекршоци

Измамници се претставуваат како МВР и бараат 1.500 денари за лажни сообраќајни прекршоци

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на МВР ја информира јавноста дека изминативе денови е забележана зачестена појава на измамнички пораки за наводно регистрирани сообраќајни прекршоци.

Според МВР, непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат пораки до македонски корисници, во кои бараат наплата со платежна картичка на лажна веб-страница што се претставува како страница на Министерството.

Измамата функционира така што линкот од пораката води кон лажна веб-страница на МВР, каде од граѓаните се бара да ја внесат регистарската табличка на возилото. Потоа се отвора нов прозорец во кој се прикажува наводен прекршок и се бара уплата од 1.500 денари.

Од МВР апелираат граѓаните да бидат внимателни, да не веруваат на пораки што доаѓаат од нелегитимни веб-страници, да не оставаат лични податоци и податоци од платежни картички, како и да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи од непознати или непроверени испраќачи.

Слично

Поврзани вести