Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗМАМИЛА ДВЕ ЛИЦА ДЕКА ЌЕ ИМ ОБЕЗБЕДИ БУГАРСКИ ПАСОШ - Им собрала над три илјади евра, ама документи не добиле

ИЗМАМИЛА ДВЕ ЛИЦА ДЕКА ЌЕ ИМ ОБЕЗБЕДИ БУГАРСКИ ПАСОШ - Им собрала над три илјади евра, ама документи не добиле

Жена од Кочани лажела жители на Радовиш дека ќе им помогне во вадење и добивање на бугарски пашош, за што им собрала солидна сума. 

Како што јавува МВР, 42 годишната жителка на Кочани со иницијали Ј.Ш. во текот на минатата година довела во заблуда две лица на кои наводно им помагала во добивање на државјаноство од соседна Бугарија, а за таа намера на двајцата им зела 3.500 евра. 

- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(42) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“. Во текот на декември 2022 година, пријавената во два наврати довела во заблуда две лица од Радовиш дека ќе им посредува за добивање на бугарско државјанство, за што побарала и зела различен паричен надомест од лицата, во вкупен износ од 3.500 евра - се наведува во билетенот на МВР.

Слично

Поврзани вести