Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗМАМЕНА КУМАНОВКА ОСТАНА И БЕЗ ПАРИ И БЕЗ ПАТУВАЊЕ - вработен од Агенција во Скопје и побарал уплата од 2.000 евра на рака

ИЗМАМЕНА КУМАНОВКА ОСТАНА И БЕЗ ПАРИ И БЕЗ ПАТУВАЊЕ - вработен од Агенција во Скопје и побарал уплата од 2.000 евра на рака

Жителка на Куманово била измамена од туристички работник од скопска агенција за патување кој и ги земал парите, но патувањето не го реализирал. 

Како што пишува во извештајот на МВР, на 28.10.2025 во 15:00 часот во СВР Скопје, 28-годишна жена од кумановско пријави дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција во Скопје за сума од 2 000 евра. 

- Кон крајот на февруари 2025, таа отишла во агенцијата да изврши уплата за патување, при што лицето кое работело, побарало парите да ги даде на рака веднаш, а сметката за извршена уплата да и биде дадена во наредните денови. 

Како што е пријавено, неколку пати се обидела да го контактира телефонски, при што лицето и кажало дека не може да ги обезбеди потребните документи за патување, а откако побарала парите да и бидат вратени, лицето не одговорило на повиците - се наведува во билтенот на МВР. 

Од таму додаваат дека ги преземаат потребните мерки за расчистување на случајот. 

Слично

Поврзани вести