Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗМАМЕН МЛАД СКОПЈАНЕЦ КОЈ САКАЛ ДА ИЗНАЈМИ СТАН ВО ИТАЛИЈА - останал без станот и без парите

ИЗМАМЕН МЛАД СКОПЈАНЕЦ КОЈ САКАЛ ДА ИЗНАЈМИ СТАН ВО ИТАЛИЈА - останал без станот и без парите

Измамен млад скопјанец кој сакал да изнајми стан во Италија, но останал без парите и без станот за кој уплатил. 

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот дек, во поплавдневните часови, поточно во 16.30 часот во СВР Велес, 22 - годишник од Скопје пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 1.000 евра. 

- Според пријавеното, на 05.11.2024 на веб страна нашол стан за издавање во Италија, по што стапил во контакт со лице да договорат слободен термин, а откако му бил пратен линк преку банка ги уплатил парите.

Како што е пријавено, на 15.11.2024, на денот планиран за заминување во Италија, се обидел да стапи во контакт со лицето кое го издавало станот, но одговор немал и бил блокиран. Се преземаат мерки за расчистување на настанот - се посочува во билтенот на МВР. 

Слично

Поврзани вести