Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗЛЕЗЕНОСТА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД СЛАБА - најголем одзив има во внатрешноста на земјата, еве ги деталите од пресекот во 15 часот

ИЗЛЕЗЕНОСТА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД СЛАБА - најголем одзив има во внатрешноста на земјата, еве ги деталите од пресекот во 15 часот

Излезноста на локалните избори до 15 часот достигнала 31,16 проценти, објави Државната изборна комисија.

Од таму инфомираа дека најголема излезеност повторно има во општините Берово 40,14, Богданци 39,57, Валандово 35,88 Гевгелија 35,78  Градско 37,12 проценти, Дебарца 43,43 отсто, Демир Капија 46,65 проценти, Дојран 48, 88 Зелениково 41,34 проценти, Македонски Брод 48,21 отсто, Чашка 53,19 проценти...

Најмала излезеност Центар Жупа, Радовиш, Маврово и Ростуше, Гостивар и Врапчиште. 

Во главниот град до 15 часот, односно во Скопје според податоците на ДИК е само 31,16 проценти.

По општини:

Аеродром – 31,50 проценти излезност
Бутел – 33,10 проценти излезност
Гази Баба – 27,82 проценти излезност
Ѓорче Петров – 30,11 проценти излезност
Карпош – 33,37 проценти излезност
Кисела Вода – 31,58 проценти излезност
Сарај – 36,33 проценти излезност
Центар – 34,40 проценти излезност
Чаир – 35,3 проценти излезност
Шуто Оризари – 21,99 проценти излезност

До ДИК нема пристигнато никакви приговори во насока на направилности на избирачките места. 

Во Карпош на едно избирачко место се преминало на примена на УВ ламба и спреј, бидејќи се заглавила симкартичката за идентификација, поради што сега гласањето продолжува по стариот начин на гласање, посочија портпаролите на ДИК. 

Но, притоа потенцираа дека не се ускратува правото на глас на гласачите. 

Фото: Принтскрин/Јутуб

Слично

Поврзани вести