Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗЛЕЗЕНОСТА ДО 17 ЧАСОТ ПОД 40 ПРОЦЕНТИ - одзивот во Скопје и понатаму понизок, еве каде имало најмногу гласачи

ИЗЛЕЗЕНОСТА ДО 17 ЧАСОТ ПОД 40 ПРОЦЕНТИ - одзивот во Скопје и понатаму понизок, еве каде имало најмногу гласачи

Излезноста на локалните избори до 17 часот и 20 минути достигнала 39,61 проценти, и таа се однесува на 3.221 гасачки места со кои се опфатени 92,72 проценти од бројот на гласачи, објави Државната изборна комисија. 

Како што информира портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска најголема излезеност има во општините Вевчани 61,84 проценти, Дебарца 53,41, потоа Демир Капија 57,65 отсто, Дојран со 60,91 процент, Зелениково со 52,77 проценти, Карбинци 50,25 проценти, Конче 55,13, па Крива Паланка 56,01 отсто. Со вискоа излезеност се и општина Кривогаштани со 52,33 проценти, па Крушево со 60,31 процент, Лозово со 61,09 отсто, па Македонски брод 59,66 проценти, Могила 54,87 отсто,Новаци 65,75, Пробиштип 56,43 отсто и Ранковце со 57,07 отсто.  

Најмала излезеност со пресекот во 17 часот се Шуто Оризари, Радовиш, Маврово и Ростуше, Пласница и Врапчиште. 

Во главниот град до 17 часот според податоците на ДИК по општини:

Аеродром – 39,32 проценти излезност
Бутел – 42,29 проценти излезност
Гази Баба – 35,55 проценти излезност
Ѓорче Петров – 37,73 проценти излезност
Карпош – 42,86 проценти излезност
Кисела Вода – 39,37 проценти излезност
Сарај – 47,94 проценти излезност
Центар – 42,35 проценти излезност
Чаир – 45,09 проценти излезност
Шуто Оризари – 30,38 проценти излезност

За споредба со локалните избори 2021 година процентот на избирачи до 17 часот достигнувал 41,38 проценти. 

До ДИК нема пристигнато никакви приговори во насока на направилности на избирачките места. 

Слично

Поврзани вести