ИЗЛЕЗЕНОСТА ДО 11 ЧАСОТ НАД 9 ПРОЦЕНТИ - еве каде е најголем одзивот за гласање
До Државна изборна комисија до 11.15 часот не се стигнати пријави за евентуални проблеми на гласачките изборни места, или поголеми непријатности.
До 11 часот и 15 минути излезеноста на локалните избори достигнала 9,48 проценти и тоа се однесува за 3.139 гласачки места.
Најголема излезеност има во Берово со 13,51 отсто одзив, па следува Богданци со 14,55 проценти излезеност, Бутел со 10 отсто, Вевчани со 16,02 проценти, Виница 10,06, Гевгелија 12,81 одзив, па Градско со 15,27. Следуваат Дебарца со 13,87 отсто, Демир Капија со 15,52 отсто одзви. Во Зелениково излезеноста достигнала 14,35, Кратово 16,26 отсто одзви, додека во Крива Паланка 16,86 проценти, па Крушево со 16,97, во Новаци 19,13 отсто, во Пробиштип излезеноста била 17,64, во Ранковци 15,52 и Чашка 22,60 проценти одзвив.
Најмала излезеност имало во Сопиште, Центар Жупа, Боговиње и Врапчиште.
Фото: Принтскрин/Јутуб
