Излезе од затвор напаѓачот на Шеќеринска: Затворската казна му била намалена
Панче Ангелов кој беше обвинет за насилство врз сегашната министерка за одбрана и поранешна пратеничка, Радмила Шекеринска ја одлежа затворската казна и излезе од затвор, објави Фокус.
Информацијата ја потврдил директорот на затворот „Идризово“, Александар Донев.
Ангелов бил ослободен затоа што му истекла казната. Тој беше осуден на четири години за насилство, а добил амнестија односно намалување на 30 отсто од затворската казна.
Фото: Ради Слободна Европа
Слично
