Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И ЗАВРШИЛ ВО СВЕТИ ЕРАЗМО: Гостиварчанец се здобил со тешки повреди

ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И ЗАВРШИЛ ВО СВЕТИ ЕРАЗМО: Гостиварчанец се здобил со тешки повреди

Доцна синоќа на патот Охрид-Кичево автомобил со госитварски регистарски таблици излетал од патот. 

Возачот на автомобилот е 60-годишниот И.С., кој бил хоспитализиран во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид. 

- На 13.08.2023 во 22.50 часот во СВР Охрид било пријавено дека И.С.(60) од општина Маврово и Ростуше, управувајќи патничко возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки на патот Охрид-Кичево, изгубил контрола и излетал од патот.

 Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи - се наведува во билтенот на СВР Охрид.

Слично

Поврзани вести