Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ - уште една жртва во сообраќај, во друга сообраќајка возач на мопед добил тешки повреди

ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ - уште една жртва во сообраќај, во друга сообраќајка возач на мопед добил тешки повреди

Уште една жртва во сообраќајна несреќа во текот на вчерашниот ден. 

Како што известија од Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден имало повеќе сообраќајки, но притоа едно лице од Битола загинало. 

- На 31.05.2024 во 14.42 часот во СВР Битола било пријавено дека на земјен пат во атар на с.Кременица, битолско, Ж.Р.(63) од с.Средно Егри, битолско, управувајќи патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Од здобиените повреди возачот починал на местото на несреќата, а смрт била констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола - соопштија од МВР.

Во текот на вчерашниот ден имало уште една сообраќајка во која тешко е повреден возач на мопед. 

- На 31.05.0204 во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Григор Прличев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од Р.Р.(29) од Скопје и мопед „априлија“, управуван од М.Д.(44) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје - се наведува во соопштението. 

Вчера во попладневните часови почина и возач на такси возило, кој тогаш превезувал патник и изгубил контрола на возилото и удрил во дрво.

Слично

Поврзани вести