Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗЛЕГОА РЕВИЗОРСКИТЕ ИЗВЕШТАИ - и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат проблеми со објектите и со членарините

ИЗЛЕГОА РЕВИЗОРСКИТЕ ИЗВЕШТАИ - и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ имаат проблеми со објектите и со членарините

Државниот завод за ревизија ги објави конечните ревизорски извештаи на Сметката за редовно работење на политичките партии Движење БЕСА,  ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Објавен е и конечниот ревизорски извештај на политичката партија ДПА – Ревизија на следење на препораките.

Објавени се и ревизорските извештаи на приходите и расходите на изборните кампањи од претседателските избори 2019 година на кандидатите за претседател: Блерим Река, Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова.

Фактор погледна во извештаите на двете ривалски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Ревизорските извештаи се однесуваат на работењето за 2018 година, а одговорни за тој период се лидерите Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

За владејачката СДСМ ревизорите констатирале дека за дел од градежните објекти наследени од правниот субјект што е претходник на партијата не е решен сопственичкиот статус, поради што истите не се воведени кај надлежна агенција и во сметководствената евиденција на партијата. 

Исто така, констатирано е дека средствата за членарина за секоја општинска организација се уплатувале директно на трансакциската сметка на партијата во вкупен износ, а не поеднично.

Утврдено е постоење и на други системски слабости кои влијаеле во работењето на партијата, како на пример, не биле пропишани конкретни насок за постапување во однос на признавање на приходи и расходи, и во однос на нивното евидентирање. 

Додека, пак, за опозициската ВМРО-ДПМНЕ е констатирано дека дел од вредноста на градежните објекти за кои е поведена постапка пред надлежен орган, не е евидентирана во деловните книги на ВМРО-ДПМНЕ. 

Обелоденети се состојби во врска со неизмирени обврски кон добавувачите, кои во значителен дел потекнуваат од минати години.

Се укажува и на системски слабости, како што се дека не се пропишани конкретни насоки за постапувањето во однос на признавањето на приходите и расходите. 

Поконкретно, не бил регулиран начинот на плаќање, уплата и евидентирање на членарината како извор за финансирање, како и начинот на пренос на средствата од членарина, од сметката за редовно работење, на сметката за соодветна изборна кампања.

Нина Нинеска-Фиданоска

Слично

Поврзани вести