Изјавата на Драги го ослабна еврото на меѓународните пазари
Изјавата на шефот на Европската централна банка, Марио Драги, дека клучните каматни стапки во Еврозоната ќе останат ниски подолг период, го ослабна еврото денеска на меѓународните пазари во однос на доларот.
Еврото кратко падна на најниско ниво на 1,3196 долари. Потоа се стабилизира на 1,3217 долари, што значи загуба од 0,6 проценти во однос на вчерашниот ден.
Слично
