Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗГУБИЛ КОНТРОЛА НАД ВОЗИЛОТО И ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ - МВР со детали за сообраќајката во која загина жена од Германија

ИЗГУБИЛ КОНТРОЛА НАД ВОЗИЛОТО И ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ - МВР со детали за сообраќајката во која загина жена од Германија

Во тешка сообраќајна незгода која денеска предпладне се случи на автопатот Неготино - Демир Капија животот го загуби жителка на Германија. 

Како што информира МВР, возачот на автомобилот со германски регистрации изгубил конрола над возилото и излетал од патот.

Сопатничката, која имала 62 години, починала на лице место, додека двајца малолетници кои исто така биле во возилот се здобиле со тешки повреди и биле хоспитализирани во болницата во Кавадарци. 

- Денеска (20.07.2023) во 11.20 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Неготино-Демир Капија, М.А.(36) од Сојузна Република Германија, управувајќи патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала сопатничката С.А.(62) од Сојузна Република Германија, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Додека со телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино - наведува МВР во билтенот.

Слично

Поврзани вести