Изградба на водовод во прилепското село Клепач
Во прилепското село Клепач почнуваат работите на изградба на селскиот водовод со што првпат, со исправна вода за пиење ќе се снабдуваат околу 160 жители.
Селото ќе биде поврзано со водоснабдителниот систем што го одржува општина Битола кај селото Ношпал кое е најблиска точка за поврзување во системот. За ова е постигната согласност со ЈП „Водовод“ од Битола кое за потребите на проектот се вклучи со хидротехнички податоци.
Изградбата на водоводот целосно ќе ја финансира локалната самоуправа на Прилеп која од буџетот издвои 5 милиони денари.
Слично
