Изградба на клучката кај Момин поток и зонско паркирање во Карпош: Што содржи програмата на Весковски за економијата
Економскиот развој е зависен од инфраструктурата, затоа во програмата на Душко Весковски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од СДСМ има доста нови капитални проекти, соопштуваат од неговиот штаб.
Се најавува развој на економијата со нови инфраструктурни пректи меѓу кои дисперзирањето и хуманата планска урбанизација кон Злокуќани и Бардовци.
Како клучни инфраструктурни проекти се изградба на мостот од улица „Љубљанска“ – Карпош 4, преку Вардар кон Бардовци, како и изградба на клучката кај Момин Поток, кои се реализираат во соработка со Град Скопје.
„Политиката на хумана планска урбанизација значи, врз основа на темелна анализа, решавање на метежот со паркирање на автомобилите, вклучувајќи воведување зонско паркирање на локациите со голема фреквенција на автомобили. Нашата политика во наредните четири години е доследно спроведување на надлежностите на општината, особено:
• редовна реконструкција на општинските улици, кои не биле опфатени со
досегашните планови, вклучувајќи поставување и обновување на
вертикалната и хоризонталната сообраќајна сигнализација, како и изградба
на велосипедски патеки.
• обновување и проширување на водоводната и канализациската мрежа, преку
координација и соработка со јавните претпријатија на Град Скопје.
• редовното одржување и обновување на постојната и поставување нова
урбана опрема.
• етапно заменување на сите улични светилки со лед „паметни“ светилки,
заради значително подобрување на јавното осветлување, но и за значителни
заштеди во буџетот стои во објавата
