Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изгорениот автобус не е на видеата од турскиот хотел, велат од „Беса транс“

Изгорениот автобус не е на видеата од турскиот хотел, велат од „Беса транс“

Од компанијата „Беса Транс“ преку соопштение до јавноста, изразија сочувство до роднините на загинатите во сообраќајната несреќа што се случи вчера, рано утрото во Бугарија, но и дадоа објаснување за видеата кои се појавија од турски хотел.

„Немаме зборови и не верувавме дека и во овие случаи, медиумската база ќе биде дезинформација, како резултат на дистрибуција на некои видеа од хотел во кој престојувале дел од нашите патници. Меѓу автобусите што се појавуваат на тие видеа не е автобусот од трагичната несреќа. Бараме од сите медиуми во исто време да ја потврдат веста и потоа да ја дистрибуираат, а не да го искористуваат трагичниот случај. Ние немајќи официјална информација, не презедовме никакви чекори за информирање на јавноста, така што како колку што е можно да се држат настрана од дезинформации“, велат од компанијата.

Во несреќата загинаа 45 луѓе. 

Турската телевизија „Хаберлер“ објави фотографии од хотелот каде што престојувале македонските туристи во Истанбул, пред да тргнат за дома и 45 од нив да изгорат во еден од автобусите на „Беса Транс“ кај Струма во Бугарија.

Слично

Поврзани вести