Изгорениот автобус е однесен во Перник
Изгорениот македонски автобус e префрлен во поранешна касарна во градот Перник.
Автобусот којшто се запали на автопатот „Струма” во Бугарија префрлен е во дворот на поранешна воена касарна во Перник, објави бугарската телевизија Нова.
Градоначалникот на Перник, Станислав Владимиров, вели дека делницата од автопатот во правец на Дупница и натаму останува затворена за сообраќај, веројатно уште еден-два дена, додека во обратен правец патот е отворен.
Во автобуската несреќа што се случи вчера во Бугарија загинаа 45 луѓе, а седум се повредени и тие се наоѓаат во болница во Софија. Во Македонија е прогласена три дневна жалост. Во Бугарија и во Косово исто така имаме ден на жалост.
фото Нова.тв
Слично
