Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗГОРЕЛЕ 500 БАЛИ СЕНО: На местото на пожарот е најдена кутија од искористен огномет

ИЗГОРЕЛЕ 500 БАЛИ СЕНО: На местото на пожарот е најдена кутија од искористен огномет

На човек во скопско село од огномет му изгореа 500 бали сено. 

Во СВР Скопје, вчера попладне, Р.Џ.(37) од с.Елево, општина Студеничани, пријавил дека во с.Батинци, настанал пожар на сува трева, кој се проширил и на нивата му биле опожарени 500 бали со сено.

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала огнот. На местото каде настанал пожарот е пронајдена кутија од искористен огномет.

Во земјава има десет пожари, од кои седум се под контрола. 

Слично

Поврзани вести