Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗГОРЕЛА И ШКОДАТА НА ОБВИНИТЕЛОТ БУБЕВСКИ: Настрадала паркирана кај „Улици и патишта“

ИЗГОРЕЛА И ШКОДАТА НА ОБВИНИТЕЛОТ БУБЕВСКИ: Настрадала паркирана кај „Улици и патишта“

Автомобилот на обвинителот Гарил Бубевски, изгорел во пожарот кој изби синоќа во бараките на претпријатието Улици и патишта. Информацијата ја потврди и Министерството за внатрешни работи, но обвинителот не бил таргет на пожар.

„Пожарот делумно било зафатено и патничко возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Б.(45) од Скопје и бараките на ЈП „Улици и патишта“ кои биле целосно опожарени, информира МВР.

Овој обвинител заедно со обвинителката Фатиме Фетаи го застапуваа обвинението за случајот „Монструм“ кој се најде на листата на предмети за кои Зоран Заев и Африм Гаши се договорија за ревизија. 

Според информациите, инаку во пожарот уништена е целата документација на претпријатието.

Пожарникари дојдоа на местото и ги гасеа остатоците од огнот. Изгорена е целата внатрешност на бараката.

Синоќа во експлозија изгоре целосно и автомобилот на претседателот на Стопанската комора за енергетика Ѓорѓи Манасков.
Слично

Поврзани вести