Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изгореа три трафики кај хотел Холидеј ин

Изгореа три трафики кај хотел Холидеј ин

Tри трафики, од кои една е угостителски објект изгореа минатата ноќ во Скопје. Станува збор за трафиките на хотелот Холидеј ин, односно на „Кеј 13 ноември“. 

Пожарот е изгаснат но не се познати причините за избувнувањето, ниту пак колкава е материјалната штета. 

Од Противпожарната бригада информираат дека интервенирале со две возила и шест пожарникари, на површина зафатена со пожар околу 70 метри квадратни. Пожарот кој бил пријавен утрото во 4.28 целосно бил изгаснат околу 06.30 часот.


Слично

Поврзани вести