Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изгореа монтажни контејнери на „Градба промет“

Изгореа монтажни контејнери на „Градба промет“

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска информира дека во пожар што избувнал кај сепарацијата кај Росоман изгореа модуларни контејнери. 

Пожарот е локализиран и ставен под контрола.

„Со едно возило и двајца пожарникари од ТППЕ Кавадарци се интервенираше на пожар кој настанал во близина на Росоман, на сепарацијата на „Градба промет“. Како што информираа од ТППЕ Кавадарци, не е настаната поголема материјална штета. Изгорела сува трева, бандера и модуларни контејнери“, информираше Јанчев.

Дополнително,шест пожарникари, две возила од ТППЕ Кавадарци и шумското, интервенирале на пожарот кој настана во населба Брушани, Тиквешко езеро. Пожарот е локализиран, под контрола и нема поголеми штети.


Слично

Поврзани вести