Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изгореа две куќи во Лисиче, се гасеше до изутрина

Изгореа две куќи во Лисиче, се гасеше до изутрина

На 02.08.2025 околу 01:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во куќа на ул.„Ѓорѓе Андреевиќ-Кун“ во скопската населба Лисиче. Од пожарот целосно изгореле две куќи, во сопственост на С.С. (61) и Д.Ѓ. (30), а во делот на кровот била опожарена куќата на С.Г.(57). 

Командираот на противпожарната единица Ѕвонко Тоневски во вестите на Канал 5 рече дека се работи за две бараки и дека пожарот се гасел до после 6.00 часот.

Пожарот бил изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. С.С. се здобил со повреди и со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. 

Увид ќе биде извршен во текот на денешниот ден.

Горело пет часа, а мирисот се уште се чувствува. Интервенирале повеќе од 20 пожарникари и седум противпожарни возила.
Слично

Поврзани вести