Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изгоре сендвичарница во центарот на Охрид

Изгоре сендвичарница во центарот на Охрид

Фото: Ohridnews

Рано изутрина изгоре сендвичарница во центарот на Охрид, поточно во сервисната уличка што води од плоштадот кај Чинарот кон Градскиот пазар.

Според информациите, пожарот бил пријавен околу 5 часот утрово по што биле испратени две противпожарни возила со шест пожарникари, кои со брза интервенција го изгаснале пламенот.

- Пожарот утрово беше во објект каде се продаваат земјоделски производи, опожарен е целосно и до него двете тенди. Пожарот се случи нешто по 4 часот утринава. Предизвикана е материјална штета. Причината за пожарот сеуште не се знае, изјави Борко Јанкулоски, одговорниот од ТППЕ Охрид, spored kogo po\arot nastanal vo sosednata prodavnica.

Според првичните непотврдени информации, причина за избувнувањето на пожарот е човечка небрежност.



Слично

Поврзани вести