ИЗГОРЕ ПАСАТ: Полицијата со детали за пожарот во автомобилот на братот на пратеникот Јован Јаулески
Струшката полиција објави детали за синоќешниот настан во кој беше опожарено возилото на братот на пратеникот Јован Јаулески.
Според информациите од полицијата вчера во 21.45 часот во ОВР Струга e пријавено е опожарено патничко возило „Фолксваген пасат“, со струшки регистарски ознаки, сопственост на Н.Ј.(36) од Струга.
„“Повредени лица нема, a пожарот е изгаснат со интервенција на територијалната противпожарна единица од Струга. Увид извршија полициски екипи од ОВР Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.
Слично
