Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗГОРЕ КУЌА ВО БИСТРИЦА: Полицијата трага по 82-годишна жена која била внатре

ИЗГОРЕ КУЌА ВО БИСТРИЦА: Полицијата трага по 82-годишна жена која била внатре

Полицијата трага по 82-годишна жена која била во куќата која изгорела, но телото го нема. 

СВР Велес презема активности за пронаоѓање на  М.А. од селото Бистрица, општина Чашка, чија куќа изгорела во пожар на 5 февруари околу 22 часот. Портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска, информираше дека по настанувањето на пожарот, на местото на инцидентот излегле јавен обвинител и увидна екипа од полицијата. Полицијата, заедно со екипата на Јавното комунално претпријатие „Тополка“ од Општина Чашка, неколку дена по пожарот ги прегледувала остатоците од куќата, но не нашла човечко тело. На 6 февруари, нејзиниот внук, 53-годишниот О.М. од Велес, ја пријавил за исчезната. Од СВР Велес потврдуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на жената. Пожарот, кој целосно ја уништил куќата, го изгаснала екипа на Територијалната противпожарна единица Велес. Очевидците тврдат дека М.А. последен пат ја виделе во својот дом истиот ден кога избувнал пожарот.

Слично

Поврзани вести