Изгоре дел од галијата на Вардар
Мал дел од галијата спроти Министерството за надворешни работи денеска попладне изгоре, а камерата на ТВ21 го фати моментот кога противпожарната екипа ги гасеше последните остатоци од пожарот.
Над објектот претходно бил забележан црн чад. Засега не е позната причината за опожарување.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов кратко информираше дека се работело за мал пожар кој бил веќе изгаснат.
Слично
