Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изгоре автомобил на екс министер од ДУИ

Изгоре автомобил на екс министер од ДУИ

Запален е автомобилот на екс министерот Дритон Кучи од ДУИ. 

Ова се случило ноќеска, а информациите говорат дека запалениот автомобил експлодирал, по што пожарот зафатил неколку возила.

Во СВР Скопје е пријавено дека во подземна гаража во Скопје настанал пожар во неколку возила. Полициски службеници  излегле на местото и констатирале дека целосно е опожарено патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, а делумно се опожарени патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „мерцедес“, исто со скопски регистарски ознаки. 

Претходно изгореа автомобилите на пејачките  Ребека и Сузана Турунџиева.

Слично

Поврзани вести