Изгоре Ауди А8 на триесет и пет годишен скопјанец
Причините не се знаат, но во Скопје синоќа гореше автомобил. Вчера вечерта во 02.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг на ул.„Ресенска“ настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „Ауди А8“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Р., триесет и пет годишен скопјанец.
Во пожарот целосно бил опожарен предниот дел на возилото, а пожарот бил изгаснат од противпожарната единица од Скопје.
Полицијата ќе врши увид во текот на денот. Засега не се познати причините за пожарот.
Слично
