ИЗГЛАСУВАЊЕТО НА ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ВЛАДЕЈАЧКАТА КОАЛИЦИЈА Е ЧЕКОР НАПРЕД, сепак, не сите од коалицијата гласаа ЗА
Владејачката коалиција го поздравува изгласувањето на заклучоците од европскиот предлог за продолжување на преговарачката рамка со ЕУ.
На Фејсбук со порака се јави Претседателот на Владата на Македонија Димитар Ковачевски кој изрази огромна благодарност и честитки до пратениците кои денеска во Собранието ги изгласаа заклучоците за европскиот предлог.
- Честитки и огромна благодарност до пратениците кои денеска покажаа демократски капацитет, ги поддржаа заклучоците за европскиот предлог и гласаа за европска иднина на државата. Нема поголем патриотизам од поддршката за просперитет на земјата и од одлуки кои се од највисок интерес за државата и граѓаните. Конечно македонскиот јазик ќе ечи секаде низ Европа. Вака се сака државата, со мудри и државнички одлука- порача Ковачевски на неговиот Фејсбук профил.
Со соопштение се огласи и најголемиот колиционен партнер во Владата. Демократската унија за интеграција ја поздрави одлука за прифаќање на францускиот предлог донесена од страна на Собранието на Република Северна Македонија со кој се запечати идеолошката ориентација на земјата без друга алтернатива, онаа за интеграција во Европската унија.- Денес, триумфираше рационалноста, се зачуваа европските корени на земјата и беа поразени деструктивните обиди на регресивните проруски сили. Граѓаните на оваа држава не подпадна на измамите, провокациите, конфузијата и не ги поддржаа протестите кои имаа за цел да ја вратат државата наназад, по сите заеднички достигнувања. Нашето патување кон Европа ќе го направиме заедно, со достоинство и целосен демократски капацитет. Ја имаме поддршката на сите земји од Европа и на Соединетите Американски Држави, со кои успешно ги поминавме сите предизвици за демократизација на земјата. Демократската унија за интеграција остана силно ангажирана во реализацијата на оваа цел за одблокирање на евроинтегративниот пат заедно со коалициските партнери и ќе продолжи да биде дел во прогресивниот табор во секој неопходен процес до целосното остварување на сонот за интеграција на земјата во Европската Унија - се наведува во нивното соопштение.
Единствено претставникот на Демократскиот сојуз не се вклучи во изгласувањето на францускиот предлог.
Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, не гласаше за заклучоците предложени од СДСМ и ДУИ. Тој од говорницата порача да се гласа за заклучоците што ги предложи, со кои се задолжува Владата да се заложи во Преговарачката рамка да се вгради став за македондкиот јазик, да се изостават билатералните прашања и историските теми, како и Протоколот.
Потоа да има една меѓувладина конференција за почнување на преговорите со ЕУ, а вградувањето на Бугарите во Уставот да биде на реципрочна основа, односно Бугарија да ги признае правата на Македонците кои живеат во Бугарија. ДС цврсто стои на определбата Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, но согласно европските принципи и стандарди и Копенхагенски критериуми, кои целосно ги исполнува.
