Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изгласани измените на Законот за ПИОМ

Изгласани измените на Законот за ПИОМ

По пауза од две недели Собранието денес продолжи со работа. 
На денешното продолжение на 24. седница Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, објасни дека со одредбите на Законот за пензиско и инвалидското осигурување како категорија на осигуреници се опфатени и индивидуални земјоделци. Од 2013 година, како што рече, се воспостави нова дефиниција „семејно земјоделско стопанство“, но до 1 декември 2017 година се уште не е воспоставена можност да се изврши нова категоризација на земјоделците. Затоа предвидуваме натамошно  задржување на претходната дефиниција „индвидидиални земјоделци-обврзници на данок на приход од вршење на земјоделска дејност на кои земјоделската дејност им е единствено занимање“.

„Дополнително се менува и одредбите од член 61 и се дава можност за користење семејна пензија за дете инвалид,  за што досега немаше можност ако детето остварувало  каков било приход или било вработено.  Се менува и член 11 со што се  носи основ за донесување методологија за  бенифициран стаж која моментно ја работиме. даваме основ законски да биде донесенеа и ставена во пракса“, истакна Царовска.

Измените на Законот за ПИОМ беа единствена точка на дневниот ред на 26 седница, а Собранието продолжува со работа по точките од 34.седница. На денешните седници не присуствуваат пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. 

Слично

Поврзани вести