Изгласан законот за продажба на службените станови на припадниците на МВР
Синоќа во Собранието изгласан е Законот за продажба на службените станови на вработените и пензионираните припадници на Министерството за внатрешни работи.
Со новиот предлог-закон се отвора можност вработените во Министерството за внатрешни работи, но и пензионираните припадници на институцијата, или членови од семејството на починат поранешен вработени во МВР да ги откупат становите во државна сопственост што со години ги користат.
Станува збор за станови кои досега биле доделувани на користење без право на откуп, врз основа на договори за закуп, што значеше дека корисниците не можеле трајно да го решат своето станбено прашање. Со новото законско решение, оваа пракса се менува, а право на откуп ќе имаат и членовите на потесното семејство на корисникот доколку тој починал, под услов да живееле во станот и да ги исполнуваат законските критериуми.
Цената на становите ќе се утврдува врз основа на повеќе параметри, меѓу кои градежната вредност, локацијата, трошоците за уредување на земјиштето и амортизацијата, а постапката ќе се води според правилата што важат за продажба на станови во општествена сопственост.
