Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изгласан ребаланс на буџетот - пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа

Изгласан ребаланс на буџетот - пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа

Собранието попладнево го изгласа ребалансот на Буџетот за 2017 година, со 61 глас „за“ и двајца против. 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија собраниската сала и не присуствуваа на гласањето.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски обвини дека тие нема да гласаат за буџетот затоа што според нив мнозинството не покажало демократија,  со одбивање на сите поднесени амандмани.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со овој ребаланс на буџетот нема да има никаков економски раст и нема да биде завршен ниту еден проект. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека се кратат пари за образованието, здравството и промоција на државата, а сметаат дека ќе има партиски вработувања за сметка на сето тоа. 

Министерот за финансии, Драган Тевдовски вели дека ребалансот на буџетот е прв чекор кон градење на подобро општество затоа што предвидува ограничувања и кратења поради зголемениот јавен долг.

Објаснува дека  ребалансот ги крати непродуктивните трошења на Владата и институциите за 122 милиони денари, но и други расходи за 257 милиони денари.

Ребалансот се темели на проекција на раст на БДП од 2,2%, буџетски дефицит на 18,57 милијарди денари, додека вкупните приходи се ревидирани за 2,87 милијарди денари и капиталните расходи се ревидирани на 23, 4 милијарди денари. 

За ребалансот на буџетот пратениците распрваа пет дена.

Слично

Поврзани вести