Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изгласан првиот закон предложен од Левица, директорите нема да може да вработат кој било доктор

Изгласан првиот закон предложен од Левица, директорите нема да може да вработат кој било доктор

Собранието денес го донесе законот за дополнување на Законот за здравствената заштита, кој се носеше по скратена постапка, се укинува дискреционото право на директорите при избор за вработување медицински кадар во јавното здравство.
Во решенијата предвидени во Законот за здравственатата заштита ќе се овозможи ефикасна примена на начелата на потребата од стручност и компетентност за работните позиции за кои кандидатот конкурирал и ќе се овозможи избор на најдобриот кандидат за вработување во здравствените установи, а со тоа ќе се врати довербата во здравствените институции и ќе се дестимулира одливот на дефицитарен медицински кадар од државата.
Се огласија и од Левица, од каде што рекоа дека ова нивниот прв предложен закон кој некогаш бил изгласан во Собранието.
„Помина ПРВИОТ ЗАКОН на Левица!  Во иднина, директорите на јавните здравствени установи ќе немаат дискреционо овластување и ќе мора да ги вработуваат НАЈДОБРИТЕ ЛЕКАРИ на конкурсите!!! Нема веќе молење по штабови. 

Ова воопшто не е мала промена. Може да ги задржи најдобрите медицинари во државава, наместо масовно да се селат во Германија, Бугарија и по белиот свет на печалба“, објави лидерот Димитар Апасиев.

Предложените законски измени треба да ја затворат правната празнина што со години ја легитимираше практиката на селективни и однапред договорени вработувања, дозволувајќи најквалитетните кандидати да бидат системски исклучувани. Наместо дискреционото право на директорот, сега воведуваме обврска за почитување на ранг-листите при секој јавен конкурс.

Слично

Поврзани вести