Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изгласан предлогот за пристапување кон уставни измени

Изгласан предлогот за пристапување кон уставни измени

Комисијата за уставни прашања со 10 гласови за и 7 против,  го усвои заклучокот Собранието да го поддржи предлогот на Владата за уставни измени и Собранието да донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот. 

Со третиот заклучок, Собранието и наложи на Владата во рок од 15 дена да подготви нацрт текст на уставни амандмани.

Министерот за надворешни работи,  Никола Димитров кој зборуваше последен ги повика сите пратеници да размислат дали сакаат да ја втурнат земјава во голема неизвеснот и да ја остават надвор од НАТО и од ЕУ.

Со тоа заврши дебатата за уставните измени во Комисијата за уставни прашања која траеше два дена, пратениците на ВМРО ДПМНЕ останаа на своите позиции дека нема да гласаат за уставни измени и за промена на уставното име. 

Собраниската седница е закажана за во понеделник и за да се усвои одлуката за пристапување кон измени на Уставот ќе биде потребно двотретинско мнозинство. „За“ гласаа пратениците од парламентарното мнозинство, а „против“ беа пратениците од опозицијата, членови на комисијата.

Слично

Поврзани вести