Изгласан извештајот за Македонија во Европскиот парламент
Европскиот парламент денеска со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ денеска го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за Македонија за 2023 и 2024 година.
Известувачот за Македонија, европратеникот Томас Вајц во изјава по гласањето рече дека бугарските европратеници го искористиле извештајот за домашни цели.
„Денеска го усвоивме првиот извештај за земјата од 2022 година.
Северна Македонија е предводник во регионот, покажувајќи вистинска
посветеност на вредностите на ЕУ, вклучително и историска промена на
името и смели реформи. Но, нејзиното пристапување е неправедно блокирано
предолго поради билатерални спорови, поттикнувајќи ја јавната
фрустрација и разочарување од ЕУ. Ги повикувам сите политички партии во Северна
Македонија да се вклучат во конструктивен дијалог за да се постигне
потребниот консензус, што би го зајакнало мултиетничкиот карактер на
земјата и би го забрзало напредокот во ЕУ. Како известувач, неуморно
работев за добро избалансиран и непристрасен извештај за демократскиот
напредок на оваа земја. За жал, некои бугарски европратеници го
искористија извештајот за домашни цели“, рече тој.
Претходно, трите најголеми политички сили во Европскиот парламент – ЕНП, С&Д и
Обнови Европа – се согласија да ги отфрлат зборовите “македонски
идентитет” и “македонски јазик”.
