Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изгласан буџетот, Апасиев обвинува за неуставност поради гласот на новоизбраниот градоначалник на Штип

Изгласан буџетот, Апасиев обвинува за неуставност поради гласот на новоизбраниот градоначалник на Штип

Буџетот за 2021 година беше изгласан синоќа половина час пред полноќ во Собранието. Мнозинството успеа да обезбеди во салата во време на гласањето на најважниот документ за државата да присуствуваат сите 62 пратеници што го сочинуваат откако претходно седницата ја напуштија опозициските пратеници. Буџетот не се носи со апсолутно мнозинство, но во време на гласањето во салата треба да има најмалку 61 пратеник. Обезбедувањето не одеше глатко или беше со „финта“ со која можеби мнозинството сакаше да докаже дека е способно и во последен момент да ги обезбеди сите пратеници. Сепак, Димитар Апасиев, лидерот на Левица напиша сионќа на фејсбук дека за буџетот гласал и новоизбраниот градоначаник на Штип што според него не е уставно. 

„Новиот градоначалник на Штип го гласаше Буџетот за 2021 како пратеник!? Уставот не дава, ама Таљат дава, напиша Апасиев.

Инаку во моментот кога опозиционерите излегувале од салата внатре имало 59 пратеници. Сепак по излагањето на координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски кој ги обвини опозиционерите за опструкции во салата влегоа тројца пратеници од пратеничката група на СДСМ. За нив имаше и аплауз. 

Во буџетот за догодина буџетските приходи со предлогот се проектирани на 212,6 милијарди денари или за 8,3 отсто повеќе во однос на вториот ребаланс на буџетот за 2020 година. Расходите за 2021 година се проектирани на ниво од 247,5 милијарди денари или за 2,1 отсто пониско ниво од расходите предвидени со вториот ребаланс на буџетот за 2020 година. Буџетскиот дефицит е проектиран на ниво од 34,8 милијарди денари или 4,9 отсто од БДП, што е за 3,6 процентни поени помалку во однос на проектираниот буџетскиот дефицит за 2020 година.

Слично

Поврзани вести