Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изгаснат пожарот во Радовиш, изгореа магацин и машини (ФОТО)

Изгаснат пожарот во Радовиш, изгореа магацин и машини (ФОТО)

Пожарот кој зафати површина во кругот на поранешниот погон „Декортекс“, при што беа зафатени објектот и дел од машините, е ставен под контрола и целосно изгаснат.

Благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарните екипи, како и на нивната пожртвуваност и професионалност, пожарот беше локализиран и изгаснат за релативно кратко време, и покрај тешките услови на терен, јавуваат од Радовиш њуз. 

- Пожарникарите вложија големи напори за да спречат негово понатамошно ширење и успешно ја завршија интервенцијата.

Браво до сите припадници на Територијалната противпожарна единица за нивната посветеност, храброст и несебично ангажирање во заштитата на граѓаните и имотот - нагласуваат во објавата. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести