Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изгаснат пожарот во „Глобал“ во Струмица, изгореа 10-ина продавници

Изгаснат пожарот во „Глобал“ во Струмица, изгореа 10-ина продавници

Рано изутрина целосно изгаснат е пожарот кој избувна во затворениот трговски центар „Глобал“ во Струмица, а голема материјална штетат претрпеа повеќе од десет продавници.

Пожарот избувна синоќа по 23 часот, горел и внатрешниот дел каде е сместен пазарот и тезгите, а исто така и супермаркетот. Пламените јазици достигнале до третиот кат.

Местото се уште го обезбедува екипа на ТППЕ Струмица, а на местото пристигнаа и сопствениците на продавниците и тезгите за да ја проверат состојбата.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, исто така синоќа дојде на самото место и рече дека материјалната штета е голема, но дека за среќа нема повредени.

Во гаснењето учествуваа и противпожарни екипи од околните градови и возила на ЈПКД „Комуналец“.

Според информациите што ги објавуваат локалните медиуми, пожарот пламнал во продавницата „Џо-Го“ по што тој се проширил во соседните дуќани. 


Слично

Поврзани вести