Економија, финансии, бизнис

Контакт

Изгаснат пожарот кој избувна во фабриката „Мирана“ во Велес

Изгаснат пожарот кој избувна во фабриката „Мирана“ во Велес

Изгаснат е пожарот во фабриката за храна „Мирана“ во Велес, иако се уште има слаби чадења на одредени места. Пожарот беше пријавен синоќа по 22.00 часот.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека противпожарните екипи се уште се на своите места.

Според првичните сознанија на СВР Велес, горел магацин во кој имало пластична амбалажа, фрижидери и друго, како и канцелариски простории со документација и други материјали.

Во гаснењето на пожарот учествувале три противпожарни возила од ТППЕ Велес со екипи од три смени (точниот број пожарникари не е прецизиран од страна на дежурниот), едно возило од ЈКП „Дервен“ и две специјални пренаменети возила на ДЗС, а присутни биле и шест полициски службеници од СВР Велес.



Слично

Поврзани вести