Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗЕТ МЕЏИТИ: Таравари донесе автономна одлука да ја поддржи албанската опозиција

ИЗЕТ МЕЏИТИ: Таравари донесе автономна одлука да ја поддржи албанската опозиција

Лидерот на Демократското движење Изет Меџити вечерва изјави дека претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари донел автономна одлука да ја поддржи албанската опозиција. Кажа дека клучно за тоа била поддршката што ја добил од членството. Европскиот сојуз за промени, според него, убедливо ќе победи, особено, во шестата изборна единица. 

„Очигледно дека динамично ќе биде во албанскиот блок, и веќе нема да има никој дилема, тие што ги познаваат приликите, кој е победникот во албанскиот блок односно Европскиот блок за промени. Отсега натаму дилемата е само која ќе биде разликата“, рече Меџити во централниот дневник на телевизија „Сител“.

Во Собранието има бурна расправа за разрешување на двајцата министри од АА, Фатмир Меџити и Азир Алиу. 

Слично

Поврзани вести