Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

Иако незаконски, сепак и во оваа влада ќе има вицепремиер. На местото на досегашниот вицепремиер Артан Груби, ќе седне Изет Меџити.

Како што денеска рече премиерот Христијан Мицкоски, иако тоа е незаконски, имале џентлменски договор вицепремиер да биде Изет Меџити.

„Според законот којшто е важечки, претседателот на Влада има заменици, а џентлменскиот договор во рамките на коалицијата е да има прв вицепремиерот и тоа ќе биде Изет Меџити. Но, тоа е надвор од законот, законот вели дека премиерот има само заменици. Она што досега е работено на диво и незаконски нема да биде пракса во работењето на оваа влада. Но, да, џентлменскиот договор во нашата коалиција и нашето функционирање е таков“, рече Мицкоски на поставувањето на камен темелник на школо во Драчево.

Прв вицепремиер нема во Законот за Влада, но е предвиден во член 5 од Деловникот на Влада, кој вели: „Претседателот на Владата го заменува првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за координација на политички прашања на ресорите, а во случај на негово отсуство или спреченост тогаш претседателот на Владата го заменува еден од неговите заменици што тој ќе го определи“.  Владата не Мицкоски не го изменила Деловникот.

Инаку Меџити во новата Влада е министер за животна средина.


Слично

Поврзани вести