Изет Меџити доби поддршка за нов претседател на огранокот на ДУИ во Чаир
Со едногласна поддршка од околу 60 членови на Изборното собрание на Демократската унија за интеграција во Чаир Изет Меџити е избран за нов претседател на огранокот на ДУИ во Чаир.
– Од понеделник ќе бидеме на терен, на состаноци со граѓаните за да ја создадеме новата програма на ДУИ за подобри услови за граѓаните, рече новоизбраниот претседател на огранокот на ДУИ Изет Меџити.
Присутен на Изборното собрание беше и претседателот на ДУИ Али Ахмети.
Слично
