Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЗДАВАЛЕ ЛАЖНИ ПОТВРДИ ЗА БУГАРСКО ПОТЕКЛО: Aлбанската полиција уапси три лица

ИЗДАВАЛЕ ЛАЖНИ ПОТВРДИ ЗА БУГАРСКО ПОТЕКЛО: Aлбанската полиција уапси три лица

По сторијата на Фикс фаре уапсени се три лица за издавање лажни потврди за бугарско потекло во Голо Брдо. Новинари на Фикс фаре купиле две потврди за бугарско потекло за по 100.000 леки (950 евра).

Албанската полиција од Булќиза, каде територијално припаѓа областа Голо Брдо, приведе три лица вработени во административната единица Острени, под сомнение за издавање лажни потврди за бугарско потекло.

Апсењето следува по синоќешната истражувачка сторија „Сакаш бугарски пасош, оди во Острени, Голо Брдо“ во која со глас и слика се покажува колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени, област Голо Брдо, општина Булќиза, независно од вистинското потекло. 

Според полициското соопштение, уапсени се Љуан Мјештри (62)  администратор на административната единица Острени, Арлин Лимани (33), раководител на секторот за социјални услуги во истата единица и двајцата жители на Острени и Фитим Бала (61) жител на Требиште, секретар на Советот на општина Булќиза.

Топ чанел уште наведува дека Советот на општина Булќиза ќе одржи итна седница за да го разреши секретарот Бала и додава дека еден од уапсените, Луан Мјештри, е брат на градоначалничката на Булќиза, Фестиме Мјештри, која и го наименувала за администратор на Острени.

Уапсените пред судските органи во Пешкопеја ќе одговараат за „фалсификување документи“, „злоупотреба на службената должност“ и „пасивна корупција на лица кои обавуваат јавна функција“.

Повеќе од 11.000 македонски државјани аплицирале за бугарски пасош од 2020 до ноември 2023 година. 

Македонци, Украинци, Турци, Руси аплицираат за бугарски пасоши. 

Слично

Поврзани вести