Издадени 2.600 решенија за легализација во општина Илинден
Општина Илинден додели 2.600 решенија и согласности за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти.
- Од поднесени 6.144 барања за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, издадени се 43 отсто од решенија и согласности, се вели во соопштението од општина Илинден.
Општина Илинден на граѓаните им нуди и дополнителни поволности и можности – плаќање на 12 рати, како и користење на услугата „е-кат шалтер“ за бесплатно добивање на имотен лист и останати катастарски акти.
За да им излезе во пресрет на своите граѓани и да ги запознае со начинот на легализацијата, oпштина Илинден организираше повеќе трибини и го зголеми бројот на стручни кадри.
- Граѓаните што не ја комплетирале потребната документација тоа треба да го сторат најдоцна до јуни следната година за да имаат повеќе простор за разгледување и комплетирање на поднесените барања. Ова најчесто се однесува на геодетските елаборати, информира општина Илинден.
